Предностите на Сложената Камата и Акумулирањето При Тргување Со CFD
Дали можете да профитирате од акумулирање кога тргувате со CFD? Да. Дознајте повеќе за оваа тема во нашиот краток блог.
Ажурирано 9, август, 2023
Сложената камата односно акумилирањето може да биде навистина профитабилно при штедење и инвестирање. Но, како функционира во трговијата?
Сложената камата односно акумулирањето се случува кога имате средство кое генерира профит, па овие приходи се реинвестираат во веќе инвестираното средство, генерирајќи уште поголема заработка бидејќи тоа расте експоненцијално, земајќи ја во предвид и инвестираната сума во првото средство како и новата заработка.
На пример, сте инвестирале 1.000 долари од вашиот капитал во Acme International. Не само што нејзините акции се искачија за 10% во првата година, туку акциите исплатија и годишна дивиденда од 3,2%. Сега акциите вредат повеќе од 1100 долари и се исплаќа дивиденда на новата сума.
» Развијте ги вашите вештини за тргување: Погледнете ги нашите курсеви за тргување за почетници и курсеви за напредно тргување.
5 Предности на акумулирање при тргување со CFD
- Профит: Долгорочно може да добиете поголем принос.
- Можете да почнете со мали суми: Кога инвестирате на овој начин, можете да ја отворите вашата инвестиција со мала сума наместо да користите повеќе пари отколку што можете да си дозволите да изгубите.
- Долгорочно инвестирање: Долгорочното инвестирање донесува добри приходи, а акумулирањето во тргувањето со CFD може уште повеќе да ја поттикне оваа стратегија.
- Одлично за млади трговци: Акумулирањето може да ги охрабри младите инвеститори да се воздржат од ризици кои им ветуваат дека брзо ќе се збогатат.
- Диверзификација: Со акумулирање, можете да остварите приход на повеќе места истовремено, што ја минимизира вашата изложеност на ризик.
Фактори кои влијаат на акумулирањето
- Времетраење на инвестицијата: Ова е времето што ви треба да почнете да акумулирате. Доколку не се брзате, овој фактор не претставува никаков проблем.
- Стапка на профит: Добивката или загубата во текот на инвестирањето може да се намали или зголеми.
» Сакате да започнете со тргување? Дознајте повеќе за отворање сметка на Fortrade
Слични објави

CFD vs. Опции: 6 Големи Разлики
Filip Dimkovski
28, март, 2023

Тргување со CFD на Сребро: 7 Предности и Слабости
Filip Dimkovski
10, мај, 2024

5 Стратегии За Дневно Тргување Во Forex Пазарот: Како Да Останете Понапред Од Пазарот
Andrew Moran
17, декември, 2023

Како Да Се Тргува со CFD на Сурова Нафта Брент Без Искуство
Filip Dimkovski
18, декември, 2023

Отворен P&L и Дневен P&L: На што треба да се фокусирате?
Marcel Deer
3, јануари, 2024
