Правила За Pattern Day Trader (PDT): Дали Тие Се Применуваат на Forex?
PDT правилата важат за трговци во САД кои отвораат повеќе позиции во еден ден. Но, дали овие правила важат и за forex трговци?
Ажурирано 26, ноември, 2023
Правилото Pattern Day Trader (PDT) е регулатива што се однесува на трговците со капитал со седиште во САД кои извршуваат четири или повеќе дневни тргувања во период од пет работни дена, користејќи сметка со маржа (или маргина).
Дали ова правило важи за трговците на forex?
Одговорот е не, бидејќи forex пазарот функционира сосема поинаку од берзата.
» Прочитајте повеќе за вкрстени валутни парови во forex
PDT Правила за Forex Трговци
Девизниот пазар (forex) е децентрализиран глобален пазар каде трговците купуваат и продаваат валути. Со просечен дневен обрт од над 5 трилиони долари, тој е најголемиот финансиски пазар во светот.
Forex тргувањето се одвива на вонберзански пазар (OTC, over-the-counter market), каде што нема централизирана берза или клириншка куќа. Како резултат на тоа, девизните трговци не подлежат на истите прописи и ограничувања како трговците со акции, вклучувајќи го и правилото PDT.
На девизниот пазар, дневното тргување е вообичаена стратегија која вклучува отворање на позиции и нивно затворање во истиот ден. Forex трговците можат да отворат и затворат онолку дневни позиции колку што сакаат, без всушност да бидат ограничени со правилото PDT.
Сепак, како што е кажано, девизните трговци треба да бидат свесни за другите регулативи и ограничувања што може да се применат на нивните трговски активности, како што се ограничувањата за потпора (односно левериџ) и барањата за маржа (или маргина).
Заклучок
Иако правилото PDT може да не важи за трговците на forex, сепак е важно да бидете внимателни и да избегнувате прекумерно тргување. Како и со секоја друга форма на тргување, мора да имате солиден план за отворање и затворање позиции, добро разбирање на пазарите и дисциплиниран пристап кон управувањето со ризик.
Слични објави

CFD Тргување vs. Фјучерси: 5 Разлики Помеѓу Нив
Fortrade
10, мај, 2024

Основи на Тргување со Акции CFD (Со Примери)
Fortrade
9, јануари, 2024

Што Значи Rollover При Тргување со CFD?
Filip Dimkovski
8, август, 2023

Исчекувачки Позиции Во Forex: 4 Типа и Како Тие Функционираат
Filip Dimkovski
27, март, 2023

Од Десктоп До Мобилен: 4 Предности На Тргувањето Со Девизен Курс Од Мобилен
Marcel Deer
17, декември, 2023
