Слипиџ Во Тргувањето: Што е Тоа и Зошто Се Случува?
Слипиџот може да има голем ефект на профитот кога тргувате. Оваа статија објаснува што е слипиџот и зошто се случува, да би можеле и вие да го избенете.
Ажурирано 9, август, 2023
Разбирањето на тргувањето значи разбирање на сите мали компликации и технички термини што доаѓаат со него. Во време на значително голема нестабилност на пазарот или ниска ликвидност, важноста на овие навидум ситни детали се зголемува, со што очекуваните приноси на трговците не се совпаѓаат со реалните.
Во повеќето случаи, најголемиот фактор што придонесува за ова е слипиџ (slippage). Имено, слипиџ се однесува на разликата помеѓу очекуваната цена на тргувањето и фактичката цена на извршување.
Ајде да го анализираме ова подетално.
Слипиџ Во Тргувањето
Наједноставно кажано, слипиџ е кога цената на средството се променила, од моментот кога трговецот ја става својата нарачка, до моментот на извршување. Во идеално сценарио, слипиџот би бил 0%, што значи дека трговците би ги извршувале своите позиции точно како што ги "нарачале", но тоа ретко се случува.
Вреди да се спомене дека слипиџот може да биде и позитивен и негативен. Позитивен слипиџ се случува кога средството се тргува повисоко од очекуваното, и затоа, цената на извршување е подобра за трговецот. Од друга страна, негативниот слипиџ е кога позицијата на трговецот се извршува по полоша цена од онаа што сакале да ја внесат.
Како Се Појавува Слипиџот?
Слипиџот обично се случува кога пазарните услови се нестабилни или непредвидливи, како на пример по објавување на некои големи вести или за време на значајни макроекономски настани. Кога ќе се случат вакви работи, средството може брзо да се намали или да скокне во цена, и притоа да предизвика позицијата за влез на трговецот да се изврши на неочекувано ниво.
Во други случаи, слипиџот може да се случи поради проблеми со брокерот, како што е бавно извршување на позицијата или неточни цени од давателот на ликвидност на брокерот.
» Сакате да започнете со тргување? Дознајте повеќе за отворање сметка на Fortrade
Завршни Мисли
Иако слипиџот може да биде позитивен или негативен, тој обично се смета за негативен пазарен феномен, бидејќи го намалува профитот на трговците и ги зголемува нивните загуби. Меѓутоа, со внимателни техники за управување со ризик, слипиџот може доста да се минимизира.
Клучно е да ги идентификувате потенцијалните извори на слипиџот пред да влезете во позиција, како и да имате стратегии кои ви овозможуваат брзо прилагодување во време на висока нестабилност.
» Подготвени сте да дознаете повеќе за тргување со CFD на акции? Упатете се кон нашите бесплатни курсеви за тргување за почетници.
Слични објави

Тргување со Злато CFD во 2023 Година (Детално за Почетници)
Fortrade
29, ноември, 2023

Јазот Помеѓу Понудата и Побарувачката: Како Функционира во Forex Тргување?
Filip Dimkovski
10, јануари, 2024

Тргување Со Сигналите DAX 30 - Сè Што Треба Да Знаете
Filip Dimkovski
9, август, 2023

Започнете со Дневно Тргување Forex: 5 Важни Соверти за Почетници
Filip Dimkovski
13, јануари, 2025

Како да тргувате дневно во нестабилен пазар
Filip Dimkovski
2, јануари, 2025
